Македонија не успеа да се квалификува на Светското првенство кое на крајот на годината ќе се игра во Катар откако синоќа во финалето од баражот беше поразена на гостувањето кај Португалија со 2-0.
Избраниците на Благоја Милевски нема да бидат дел од мундијалот, но и тоа како се виновни за идеалниот тим на фудбалери кои нема да настапат на смотрата на најдобрите фудбалски репрезентации во светот.
Дури четворица играчи и тоа најмногу во овој тим има Италија кои ние ја елиминиравме во полуфиналето од баражот. На голот е Донарума, во одбраната е Бастони, а средниот ред го сочинуваат Барела и Кјеза. Покрај четворицата Италијанци во тимот има место и за Австриецот Алаба, Словакот Шкриниар, Ндиди и Осимен од Нигерија, Диаз од Колумбија, како и Салах од Египет и Халанд од Норвешка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА