Најдоски за можноста Милевски да ја преземе клупата на Ц. Звезда: Се покажа дека е добар тренер, никогаш не се знае!

Една од најголемите македонски фудбалски легенди Илија Најдоски, по извонредните бараж пресметки на Македонија на патот за пласман на СП 2022, вели дека Македонија има потенцијал за уште многу идни успеси затоа што има млада селекција кој пред себе има уште долги години заеднички настапи.

Најдоски ги коментира и се погласните шпекулации на српските медиуми дека македонскиот селектор Благоја Милевски би можел од јуни да ја преземе клупата на белградска Црвена Звезда.

„Милевски покажа дека е добар селектор, мислам дека ќе биде успешен и во новите квалификации. Кога е Црвена Звезда во прашање, во фудбалот никогаш не можеш со сигурност да кажеш што ќе биде утре. За секого зборуваат само резултатите, а тие сега се во корист на Милевски. Никогаш не се знае“ – вели Најдоски.

Што се однесува до резултатите и игрите на Македонија во мундијалскиот бараж кои го изненадија фудбалскиот свет…

„Тоа не е случајно. Повеќе од година репрезентацијата покажува квалитет, а овие млади фудбалери врвот го достигнаа против Портигалија. Реално Португалија има квалитетни поединци, но момците постигнаа голем успех и го поставија фудбалот во Македонија на високо ниво. Се работи за млади играчи, предводени одлично од селекторот Милевски кој добро ги познава затоа што ги водеше и до Европското првенство во 2017 година. Тоа беше првпат во историјата за македонскиот фудбал. Тоа е таа иста генерација. Верувам дека и во иднина ќе продолжат на овој начин, позитивно“ – вели Најдоски.

Се вчитува...