Најдовски му се приклучи на Адем во косовски Лапи

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Никола Најдовски, е нов фудбалер на косовскиот прволигаш Лапи. За левиот бек ова ќе биде прв интернационален предизвик во кариерата.

Најдовски доаѓа како слободен играч по разделбата со матичниот клуб Тиквеш. Тој потпиша договор со косовскиот тим само еден ден по трансферот на уште еден македонски фудбалер во истиот клуб, Али Адем.

Во досегашната кариера Најдовски има настапувано и за екипите на Борец и Кожуф.

Се вчитува...