Најгледан безначаен меч: САД и Србија на мегдан, но само за чест…

Од самиот почеток на Мундобаскет во Кина се прогнозираше финале меѓу САД и Србија, како реприза на последното финале од ОИ во Рио де Жанеиро. Се правеа и математики дали некој ќе „побегне“ од овој дуел пред финалето, но судбината сакаше овие две селекции да се сретнат – во разигрувањето за пласман од петтото до осмото место.

Тоа дефинитивно ќе биде најгледан безначаен меч на едно големо кошаркарско натпреварување, откако Французите со денешната победа си обезбедија и директен билет за ОИ во Токио. Практично, утрешниот дуел ќе биде само пресметка за чест меѓу две разочарани селекции кои тотално потфрлија на овој мундијал.

Наместо нив, битките за медал ќе ги водат некои други селекции… Шпанија, Аргентина, Франција и подобриот од последното четвртфинале меѓу Австралија и Чешка.

Се вчитува...