Најголемата тајна на Нурмагомедов: Сопругата што никој не ја видел, со која има три деца

Хабиб Нурмагомедов е апсолутен шампион во лесна категорија во УФЦ шампионатот, неговите боречки квалитети се добро познати, но истовремено речиси ништо не се знае за приватниот живот на Дагестанецот, кој по прекинот на кариерата најави дека ќе се врати во татковината.

А таму го очекува сопругата која воедно и важи за „најголема тајна“ во животот на Хабиб со оглед на фактот дека речиси никој од неговото окружување надвор од семејството ја нема видено. Она што се знае дека сопругата се вика Патимат, на интернет не постои ниту една нејзина слика. Единствената заедничка фотографија до која имаат дојдено медиумите е онаа од венчавката, на која Патимат е под вел и на неа не се гледа ниту лицето ниту фигурата на сопругата на Хабиб.

„Твојата жена е пешкир“, се препукуваше своевремено Конор Мекгрегор со Нурмагомедов по појавувањето на оваа фотографија.

Патимат строго ги почитува шеријатските закони и никогаш не е непокриена кога излегува од семејната куќа. Хабиб се оженил со неа уште во 2013 година и досега имаат три деца, наводно седеле на иста клупа во училиште, а дел од непроверените информации велат дека таа и пред свадбата се презивала Нурмагомедова, бидејќи била далечна роднина на УФЦ-борецот.

Се вчитува...