Најголеми авионски несреќи кои силно го раздрмаа светот на спортот: „За момент исчезна цел клуб!“

Фудбалскиот свет деновиве е раздрман со исчезнувањето на авионот со кој аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала се превезуваше од Нант до Кардиф каде требаше да ја продолжи кариерата.

Авионот се срушил некаде во морето во Англискиот канал, а потрагата е прекината поради одлуката на надлежните дека премали се шансите Сала и пилотот на авионот да се живи. За жал, светот очигледно ќе биде сведок на уште една голема трагедија поврзана со спортисти, уште една авионска несреќа која го дрма спортскиот свет.

А, историјата памети навистина повеќе од страшни авионски несреќи на спортски екипи кои никогаш нема и не смеат да бидат заборавени…

1.МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД

Веројатно и најпознатата авионска несреќа во светот на спортот е онаа од 1958 година кога се сруши авионот во кој беа членовите на Манчестер јунајтед а во која загинаа осум фудбалери на славната генерација „манчестерови бебиња“.

Авионот на „црвените ѓаволи“ се сруши во Минхен на враќање на клубот од Белград каде играа меч од Лигата на шампионите против Црвена Звезда. Во оваа несреќа настрадаа 23 патници, а 21 лица преживеаја. Тогаш се размислуваше и за комплетно гаснење на клубот, но Јунајтед собра сили и продолжи понатаму по фудбалскиот пат станувајќи и најтрофеен англиски клуб.

2. ЧАПОКАЕНСЕ

Трагедијата која при крајот на ноември 2016 година го потресе светот. Авионот во кој беа фудбалерите на бразилски Чапокаенсе се сруши во Колумбија, а загинаа дури 76 лица. Овој бразилски клуб беше вистински хит во Јужна Америка откако од четвртата бразилска лига за неколку години стигна до финалето на Копа Судамерика.

Падот на авионот го преживеаја тројца фудбалери кои и успеаја некако колку-толку да се опорават од несреќата. Само чудо ги спаси овие тројца фудбалери…

3. ЗАМБИЈА

Една од најтешките авионски несреќи во светот на спортот се случи во 1993 година во Африка. Репрезентацијата на Замбија патуваше на натпревар од квалификациите за СП 1994 во САД, а противник им беше Сенегал.

Брзо по полетувањето дојде до несреќа, авионот се сруши во Атлантскиот океан. Во оваа несреќа загинаа сите 25 патници, како и пет членови на екипажот. Во авионот беа 18 репрезентативци на Замбија.

4. ТОРИНО

Голема несреќа го затекна италијанскиот фудбал во 1949 година кога се сруши авионот со екипата на Торино. Во таа несреќа загинаа 18 фудбалери на клубот, а вкупно загинаа 31 лице. Авионот се заби во планина која се наоѓа во близина на Торино.

Торинот тогаш беше трикратен шампион во Серија А, а десет од загинатите фудбалери беа и репрезентативци на Италија. По оваа несреќа клубот никогаш не успеа во потполност да се опорави и да се врати на врвот во италијанскиот фудбал.

5. ХОКЕАРИТЕ НА ЛОКОМОТИВ

Пред пет години се случи авионска несреќа во Русија која го расплака целиот свет. На 7. септември 2011 година се сруши авионот со хокеарите на Локомотив во кој загина буквалниот целиот тим. Животот го загубија 27 хокеари, двајца тренери и седум членови на раководството на рускиот клуб.

Се вчитува...