Најлошиот македонски селектор си најде ангажман во Кина

Драган Раца ќе остане запаметен како најслаб селектор во историјата на македонската репрезентација, стратег што беше „од нафталин“ изваден од тогашниот претседател Петар Наумоски и под чие водство „црвено-жолтите“ играа катастрофално пред тој да си замине од функцијата.

Најсериозната работа во Европа овој стратег ја имаше во кипарската кошарка, од каде си замина во 2018 година, а сега конечно си најде нов ангажман, и тоа во далечната Кина. Раца беше промовиран за нов стратег на Вухан Данги, а неговиот менаџер Миња Илиќ летна во облаци објавувајќи го договорот како „најбогат тренерски дил надвор од НБА-лигата“.

Не сме запознаени колку менаџерот на Раца е запознаен со платите надвор од НБА-лигата, па иако Кинезите се познати дека даваат повеќе пари од заслуженото, тешко е да се поверува дека некој би му платил богатство на стратег со така скромно реноме и уште поскромни тренерски квалитети.

Се вчитува...