Најсреќниот ден за Никола Ѓоргиев, се роди ќерката Марија

Најдобриот македонски одбојкар Никола Ѓоргиев и неговата сопруга Дани денеска имаат посебни моменти за радост, откако на свет дојде ќеркичката Марија. Капитенот на македонската репрезентација ја сподели радосната вест преку социјалните мрежи.

„Денес се роди нашата принцеза Марија, 28.10.2018“, напиша Ѓоргиев.

Од оваа сезона, Никола Ѓоргиев повторно ќе настапува во Јапонија, во тимот на Осака Сакаи блејзерс, а секако ќе ја предводи и македонската репрезентација во новите предизвици.

Се вчитува...