Најубавата фотка за 2023: Але е здрав и тренира со соиграчите од Борусија Дортмунд

Новата 2023 година не можеше да почне на подобар начин за Борусија Дортмунд, откако Себастијан Але се појави на првиот тренинг на „милионерите“ по тешката борба што ја водеше со страшната болест.

Камерунскиот голгетер пристигна од Ајакс како големо засилување, но само неколку месеци по трансферот му беше дијагностициран рак на тестисите во понапредна фаза. Хируршкиот зафат не беше целосно успешен, па следеа нови третмани, но најважно е што фудбалерот успеа да ја победи болеста и почна со тренинзи со остатокот од екипата.

„Конечно, се вратив. Не беше лесно, но многу ми значеше вашата поддршка. Среќен сум што ве гледам сите повторно“, изјави Але преку видео-порака објавена преку профилите на социјалните мрежи на Борусија Дортмунд.

Според планот на „милионерите“, Камерунецот ќе отпатува со остатокот од екипата на еднонеделниот камп во Марбелја, Шпанија, по што врз него ќе бидат извршени нови прегледи и ќе може да се даде поконкретна прогноза кога би можел да го има толку посакуваниот камбек на фудбалските терени.

Се вчитува...