Единствена македонска натпреварувачка на Параолимписките игри во Токио, Оливера Наковска-Бикова, заврши на шестото место во финалето во дисциплината воздушен пиштол од 10 метри на првиот свој настап на игрите.
Наковска-Бикова како осма од квалификациите се пласираше во финалето каде со резултат од 147,9 стигна до шестото место. Златниот медал го освои Иранката Иранката Јаванмарди, среброто Турчинката Пехливанлар, додека Давид од Унгарија заврши на третото место.
Македонската олимпијка до крајот на игрите ја очекуваат уште и настапите во дисциплините спорт пиштол од 25 метри (2. септември) и пиштол слободен избор од 50 метри (4. септември).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА