Наковски волеј е во финалето, женската одбојка ќе има нов првак

Одбојкарскиот шампионат на Македонија во женска конкуренција ќе има нов владетел откако актуелниот првак Јанта Волеј беше елиминиран во полуфиналето од плејофот од големиот ривал Наковски волеј.

Наковски волеј славеше на првиот дуел во Струмица со 3-1, за да одигра уште подобро на вториот меч во Скопје, да слави со 0-3 во сетови и на тој начин да го осигура билетот за големото финале.

Првиот сет заврши 19-25 за гостинките, преостанатите два беа максимално неизвесни, но Наковски волеј ги доби со 24-26 и со 23-25, што значеше и елиминација на актуелниот шампион.

ОК Наковски волеј во серијата “подобар во пет” ќе игра против ОК Работнички, а битката за шампионската титула започнува на 27 април во Струмица.

Се вчитува...