Намалена казната – Челси ќе тргне во шопинг во јануари

Франк Лампард може да се подготвува за „јануарски шопинг“ откако беше намалена казната на Челси за забрана за трансфери, од два на еден преоден рок.

Лондонскиот клуб не смееме да ангажира нови фудбалери во јануарскиот преоден рок, но жалбата поднесена до Судот за Спортска Арбитража беше прифатена, со што Челси доби зелено светло за да се активира на пазарот на почетокот од 2020 година.

Роман Абрамович веќе подготви буџет од 100 милиони фунти за нови фудбалери, сума што ќе биде зголемена со парите од продажбите на Жиру и Алонсо во јануарскиот преоден рок. Меѓу желбите на Френк Лампард се споменуваат Џејдон Санчо, Вилфред Заха, Бен Чилвел и Муса Дембеле.

Се вчитува...