Наоми Осака подобра од Серена Вилијамс, стана најплатената спортистка во историјата

Јапонската тениска ѕвезда, Наоми Осака стана најплатената спортистка воопшто надминувајќи ја американската ривалка, Серена Вилијамс. На само 22 години, Осака која има две Грен-слем титули во кариерата според магазинот „Форбс“ за 12 месеци заработила над 34 милиони евра од награди од турнири и со спонзорски и од маркетиншки договори. Сумата што ја заработи Осака е за 1, 3 милиони евра повеќе од заработувачката на Вилијамс.

Во последните 12 месеци за кога е правена пресметката и двете тенисерки го урнаа рекодрот од 2015 година од 26 милиони евра кој и припаѓаше на Марија Шарапова. Од како од 1990 година, „Форбс“ ја прави листата на најбогати спортистки, секогаш на врвот биле тенисерки. Осака годинава е на 19. место на вкупната листа на магазинот за најбогати спортисти во светот, четири позиции подобропласирана од Вилијамс. Серена беше на врвот на оваа листа во претходните четири години, а пред неа пет години по ред владееше Шарапова.

Наоми Осака поради огромната популарност во Јапонија е исклучително привлечна за компаниите и брендовите од оваа земја, но и од целиот свет. Таа е заштитно лице на Олимписките игри во Токио кои ќе се одржат следната година и тоа и помогна да направи вносни договори со глобални брендови како „Nike“, „Nissan“ ,„Yonex“ и многу други.

 

 

Се вчитува...