Нападнат тренерот на Динамо Загреб

Тренерот на Динамо Загреб, Марио Цвитановиќ, нападнат е вечерва од двајца маскирани напаѓачи на самиот влез во својот стан. Тој е физички повреден и пријавил во полиција, а потоа побарал и медицинска помош и е задржан во болница, со оглед дека напаѓачите го нападнале со безбол – палки. Оваа информација ја потврди и Динамо Загреб на својот официјален сајт.

Цвитановиќ со тимот на „модрите“ беше на натпревар од хрватскиот Куп, а по самото враќање во Загреб е нападнат од непознати лица. Динамо Загреб го осуди овој голем инцидент и порача дека тоа е само уште еден атак врз клубот, со оглед дека претходно имаше и обид за убиство на Здравко Мамиќ, сивата еминенција на клубот, кој сега е во улога на советник. Раководството на „модрите“ бара да се најдат виновниците и да се изнесат пред лицето на правдата.

Се вчитува...