Напаѓачите уште во „зимски сон“ – Само два гола во првото полувреме на шест дуели во Првата лига! (ВИДЕО)

Македонските напаѓачи, се чини, се уште се во ‘зимски сон’, ако се суди според постигнатите само два погодоци на шест натпревари во првото полувреме од првото пролетно коло во Првата македонска фудбалска лига.

Единствено голови по првите 45 минути има на Чаир и во Кратово. Шкупи води со 1-0 против Работнички, а Силекс во Кратово води со 1-0 против Тиквеш.

Првиот пролетен гол сезонава на прволигашката домашна сцена падна на Чаир. Шкупи поведе во пресметката со Работнички со 1-0 во 29. минута од средбата, благодарение на погодокот на Аворниот кој искористи во мешаницата пред голот на гостите со прецишен шут од 15 метри да стрела за водство на чаирчани…

Силекс, пак, поведе против Тиквеш со 1-0 во 30. минута со голот на Алиќ, по корнерот од десната страна и „празнината“ во одбраната на гостите…

Интересна пресметка играат Вардар и Шкендија на арената „Тодор Проески“ но без голови по првите 45 минути, и покрај серија шанси и на двете страни.

ПРВА ЛИГА – 19. КОЛО (прво полувреме)
Скопје: ГОСТИВАР – СТРУГА ТЛ 0-0
Кратово: СИЛЕКС – ТИКВЕШ 1-0
Алиќ 30′
Скопје: ВАРДАР – ШКЕНДИЈА 0-0
Охрид: ВОСКА СПОРТ – БЕСА 0-0
Скопје: ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ 1-0
Аворнио 29′
Битола: ПЕЛИСТЕР – АП БРЕРА 0-0

Се вчитува...