Наполи го доби дербито со Лацио, продолжува трката со Јуве

Фудбалерите на Наполи дојдоа до повеќе од значајна победа против Лацио во дерби пресметката од 20. коло во Серија А по која ја продолжуваат трката со Јувентус за шампионската круна.

„Наполитанците“ триумфираа со 2-1 благодарение на головите на Каљехон во 34. минута и Милик во 37. минута од натпреварот.

 

Гостите единствено во второто полувреме преку Имобиле успеаја да го ублажат поразот.

 

 

Се вчитува...