Наполи го одложи трансферот на Хамшик во Кина

Италијанскиот калчолигаш Наполи го одложи привремено трансферот на словачкиот интернационалец Марек Хамшик во Кина. Раководството на клубот има сомнежи околу исплатата на отштетата од 15 милиони евра која треба да реализира кинескиот клуб Далијан.

Како што информираат медиумите во Италија, претседателот Аурелио Де Лаурентис го одложил трансферот поради методите на исплата на Далијан. Сепак, во наредните денови се очекува кинескиот клуб да даде комплетни гаранции за исплата на финансиските средства и Хамшик да биде претставен како ново засилување.

Се вчитува...