Наполи го освои Милано и врвот во Серија А…, десет минути за Елмас на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)

Наполи е повторно на врвот во Серија А по 7. коло, откако славеше со 1-2 на гостувањето против Милан во големата дерби пресметка.

Сите возбудувања на натпреварот се случија во второто полувреме. Најпрво Политано од пенал во 55. минута донесе предност за Наполи од 0-1.

Домашните израмнија во 69. минута со голот на Гиру, но наполитанците со голот на Џовани Симеоне во 78. минута дојдоа до посакуваниот триумф од 1-2.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ги одигра последните десет минути на натпреварот, вклучувајќи го и судиското продолжение, откако влезе во игра во 87. минута на местото на Зјелински.

Се вчитува...