Наполи ја одреди цената за Инсиње

Лоренцо Инсиње би можел да го напушти Наполи на крајот од оваа сезона откако претседателот Аурелио де Лаурентис изразил подготвеност за разговори со клубовите кои се подготвени да платат 100 милиони евра за услугите на италијанскиот репрезентативец. Крилниот офанзивец досега важеше за незаменлив дел во тимот на Наполи и Де Лаурентис не сакаше ни да чуе за разделба од него, но ситуацијата се промени со доаѓањето на Карло Анчелоти, кој не би имал ништо против по Марек Хамшик да остане без уште една клупска легенда.

Весникот „Газета дело спорт“ тврди дека првиот човек на Наполи веќе ги контактирал заинтересираните клубови, соопштувајќи им ја почетната сума што ја бара во преговорите за Инсиње. Станува збор за Ливерпул, Манчестер Сити и ПСЖ, клубови кои во минатото се обидуваа да го доведат Инсиње во своите редови.

Останува да се види дали некој од нив ќе се согласи да го плати богатството што го бара Де Лаурентис, или ќе се почека цената да падне.

Се вчитува...