Наполи ја освои Верона, Елмас гледаше од клупата

Наполи ја продолжи успешната серија настапи по паузата поради коронавирусот, па тимот на Елиф Елмас по освоениот пехар во Купот на Италија вечерва славеше и на премиерниот меч од Серија А, на гостински терен против Верона со 0-2.

Аркадиуш Милик беше херојот на „наполитанците“ постигнувајќи го единствениот погодок уште во првото полувреме. Домаќините постигнаа израмнувачки гол во вториот дел, но истиот беше поништен со ВАР поради играње со рака на еден фудбалер на Верона.  Конечните 0-2 пред самиот крај на мечот ги постави Мексиканецот Лозано, кој одлично се снајде на вториот дирек по еден корнер и со глава од непосредна близина ја запечати победата на Наполи. Елиф Елмас се најде на клупата за резерви, но не влезе во игра иако Гатузо направи пет замени на овој натпревар.

Во вториот денешен натпревар Калјари како гостин го совлада СПАЛ со 0-1 со голот што во самиот финиш го постигна Џовани Симеоне.

 

Се вчитува...