Наполи нуди 40 милиони евра за Лозано

Италијанскиот калчолигаш Наполи влегува во завршни преговори за ангажман на мексиканскиот интернационалец Ирвинг Лозано од ПСВ Ајндховен. Раководството на „наполитанците“ е подготвено да плати 40 милиони евра за да го доведе одличниот крилен напаѓач во својот тим. Неговиот агент Мино Рајола веќе одржал неколку состаноци со претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис.

Покрај Наполи, за услугите на Лозано се заинтересирани и Интер, Тотенхем и Барселона.

Се вчитува...