Наполи остана без помошта на Инсиње

Лоренцо Инсиње им создаде големи главоболки на Карло Анчелоти и на Роберто Манчини по повредата што ја заработи, поради која одличниот голгетер сега ќе мора да паузира најмалку 20 дена од фудбалските терени. Деталните прегледи покажаа истегнување на мускулот на десната нога, што значи пропуштање на натпреварите со Удинезе и со Рома.

Инсиње ќе ги пропушти и првите натпревари на италијанската репрезентација во квалификациите за ЕВРО 2020, против селекциите на Финска и на Лихтенштајн.

Покрај Инсиње повреди на реванш-дуелот меѓу Салцбург и Наполи заработија и Кирикеш и Диавара, кои исто така најмалку по три седмици нема да му бидат на располагање на тренерот Анчелоти.

Се вчитува...