Наполи само со бод си оди од Фиренца

Фиорентина и Наполи ремизираа без голови на „Артемио Франки“. Тимот на Карло Анчелоти имаше поизгледни можности за да постигне победнички гол, но Мертенс, Зиелински и Руиз не успеаја да бидат поконцентрирани во завршницата. Во судиското продолжение, одлична шанса имаше и Аркадиуш Милик, но за малку не успеа да го стигне и да го реализира нафрлувањето од десната страна.

Наполи со 52 бода се наоѓа на втората позиција на табелата во Серија А, со осум бода негатива во однос на Јувентус, кој утре му гостува на Сасуоло.

Се вчитува...