Наполи сигурен против Спал, Аталанта го освои Удине

Наполи и Аталанта продолжуваат во победнички ритам по рестартот на Серија А. Тимот на Елиф Елмас со 3-1 го совлада Спал на домашен терен, а македонскиот репрезентативец беше асистент на вториот гол што го постигна Хозе Калјехон. Аталанта цврсто го чува четвртото место кое води во ЛШ, а триумфираше на гости против Удинезе со 2-3. Илија Несторовски доби шанса во финишот, но Удинезе не го избегна поразот.

Наполи поведе со голот на Мертенс во петтата минута, а Спал возврати преку Петања во 29.минута. Сепак, само седум минути подоцна Елмас асистираше и Келјехон го врати водството на „наполитанците“. Третиот гол беше дело на Армин Јунес.

Луис Муриел беше двоен стрелец, а во листата се впиша и Давид Запата во триумфот на Аталанта против Удинезе. За домаќинот двапати стрелаше Кевин Ласања.

Болоња победи против Сампдорија на гости со 1-2, додека Сасуоло и Верона ремизираа 3-3.

Се вчитува...