Наполи во трилер-меч до триумф над Сампдорија

Наполи во суперинтересен натпревар успеа да слави над Сампдорија со 2-1, задржувајќи се на третата позиција, но и стигнувајќи ја Рома на делба на второто место на табелата („волчицата“ утре го игра својот меч од 19. коло).

„Наполитанците“ се наоѓаа на работ на амбисот откако Хисај со автогол им донесе предност на гостите од Џенова. Домаќините имаа јалова иницијатива се до 61. минута, кога Силвестре доби втор жолт картон поради прекршок врз голманот Пепе Реина. Осоколени од предноста од фудбалер повеќе домаќините тргнаа на се или ништо, па стигнаа до израмнување преку „резервистот“ Габиадини.

Наполи промаши две одлични шанси за пресврт, но кога се чинеше дека мечот ќе заврши без победник, по една акција од левата страна во 95. минута Стриниќ одлично ја врати топката кон срцето на шеснаесетникот, таму на неа натрча Тонели и ја смести под гредата, за деби од соништата и огромна радост на тифозите на “наполитанците“.

Elseid Hysaj OWN Goal – Napoli 0-1 Sampdoria… by Live1Goals

Napoli 1-1 Sampdoria 07.01.2017 Manolo… by replayvostfr

Lorenzo Tonelli Goal HD – Napoli 2-1 Sampdoria… by ak-productions

Се вчитува...