„Наполитанците“ и земаа мерка на Сампдорија

Наполи ја оствари 16. победа во Серија А оваа сезона откако на „Сан Паоло“ ја совлада Сампдорија со 3-0. Сега тимот на Карло Анчелоти има осум бода негатива во однос на лидерот Јувентус кој вечерва во Торино ја пречекува Парма.

Аркадиуш Милик во 25.минута го отвори резултатот, а само една минута подоцна стрелаше и Лоренцо Инсиње. Во завршницата од дуелот беше досуден пенал за Наполи, а успешен реализатор беше Симоне Верди, за конечни 3-0.

Се вчитува...