Направи 17 операции, животот му беше во прашање, а по две години се врати на НФЛ терените

Вашингтон загуби од ЛА Ремс со 30-10, но вест на денот за тимот од главниот град на САД е враќањето на теренот на Алекс Смит. Квотербекот на Вашингтон го одигра првиот меч од 18. ноември 2018 година кога на мечот со Хјустон Тексанс доживеа тешка скршеница на ногата.

Смит на крајот на втората четвртина го замени во моментов стартерот во Вашингтон, Кајл Ален, а настапот на мечот од трибините го пратеше и неговата сопруга. По тешката скршеница на десната потколеница, Смит мораше да направи дури 17 операции, а во неколку поради инфекција и животот му беше загрозен. Смит во НФЛ караванот стигна во 2005 година како прв пик на драфтот. Одигра седум сезони во Сан Франциско 49, пет во Канзас Сити Чифс, пред него што се пресели во Вашингтон.

 

Се вчитува...