„Направив голема грешка, требаше да потпишам за Манчестер сити, а не за ПСЖ“

Бразилскиот фудбалер Дани Алвеш тврди дека секој фудбалер кој решава да ја напушти Барселона, треба да биде свесен дека направил погрешен потег во неговата кариера.

Според Алвеш, истата грешка ја направил и Нејмар, кој замина во ПСЖ за 222 милиони евра.

„Секој фудбалер кој ја напушта Барселона жали поради тоа. На сите им беше тешко да заминат без оглед на тоа која била причината. Еден од нив сигурно е и Нејмар“, вели Алвеш.

Бразилецот по заминувањето од Барселона во 2016 година замина во Јувентус, а една година подоцна повторно се реши да ги смени клупските бои. Тогаш тој имаше неколку понуди на маса, ја избра онаа на ПСЖ, но од сегашна перспектива смета дека згрешил бидејќи требало да потпише за Манчестер Сити.

„Жалам поради тоа. Не се жалам зашто потпишав за ПСЖ. Времето минато во Франција ми беше одлично. Но, моја грешка е тоа што не се договорив со Манчестер сити. Понудата беше добра, но имав некои приватни проблеми и морав да го променам планот“, објаснува Бразилецот.

Се вчитува...