Напредок од три места за Ѓорческа на последниот ВТА ранкинг

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа забележа скок од три места на последното ВТА рангирање и во моментот се наоѓа на 218 место во светот. Магдалена Стоилковска пак забележа пад од осум места и во моментот е на 1136. позиција.

Калин Ивановски и покрај тоа што не настапува поради повреда останува најдобро рангираниот македонски тенисер. Во однос на последниот ранкинг нема промена и тој останува на 386. позиција.

Промена нема ни во ранкингот на Горазд Србљак кој останува на 1087. место, додека Обрад Марковски забележа пад од две места и во моментот се наоѓа на 1600. позиција.

Се вчитува...