Наташа Андонова асистент, Барселона го освои Купот на Шпанија

Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова блесна во дресот на Барселона во најзначаен момент и асистираше за победничкиот погодок на каталонскиот тим во финалето на Купот на Шпанија. Барселона го совлада Атлетико Мадрид со 1-0.

Во последните мигови од мечот, таа направи одличен потег и успеа да асистира до Мариона Калдентеј, која го постигна победничкиот гол во 120 минута од големото финале.

 

Се вчитува...