Наташа Андонова ќе игра и против Казахстан и Србија

Селекторот на женската фудбалска репрезентација на Македонија, Кирил Изов, го објави списокот на фудбалерки на чии услуги ќе смета за претстојните натпревари против Казахстан и Србија што ќе се играат на почетокот од месец октомври. Најдобрата македонска фудбалерка, Наташа Андонова, повторно ќе биде дел од националниот тим откако се врати во репрезентацијата на последниот меч против Австрија (пораз од 3-0).

За натпреварите на македонската репрезентација од квалификациите за ЕП 2021, селекторот Изов прати ги повика следните фудбалерки: Викторија Панчурова (Тиверија), Александра Ристовска (Тиверија), Павлинка Николовска (Драгон 2014), Маја Ангеловска (Олимпија Љубљана, Словенија), Јана Чубриновска (Деспина Прилеп), Ели Јаковска (Конакспор, Турција), Гентјана Рочи (Купс, Финска), Наташа Андонова (Леванте, Шпанија), Романа Трајковска (Рапресвил, Швајцарија), Улза Максути (Ас Јунајтед), Суарта Речи (Ас Јунајтед), Наумовски Адријана (Ајова, САД), Димоска Теодора (Тиверија), Живиќ Јулија (Драгон 2014), Лекоска Магдалена (СЦ Истатов), Драгана Костова (Драгон 2014), Хава Мустафа (Шкендија), Милеска Катерина (Деспина Прилеп), Ѓорѓиовска Јована (Деспина Прилеп), Бошеска Ане (Тиверија);

Подготовките на нашата женска селекција ќе започнат на 28. септември во Скопје. Квалификациските натпревари меѓу Македонија- Казахстан и Македонија – Србија  ќе бидат одиграни на тренинг центарот „Петар Милошевски“ на 2. и 5. октомври со почеток од 15:00 часот.

Се вчитува...