Наташа Андонова од ПСЖ во Барселона!

Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова направи нов мега-трансфер откако од редовите на Пари сен Жермен се пресели во таборот на Барселона. Андонова на средина од минатата сезона се пресели од шведски Розенгард во ПСЖ, но не доби шанса каква што заслужува во редовите на францускиот и европскиот вицепрвак. Токму поради тоа таа реши повторно да ги менува клупските бои, а кога дојде понудата од Барселона без размислување ја прифати понудата и потпиша договор со каталонскиот гигант со важност до 2019 година.

Каталонците гледаат квалитетно засилување во Македонката, потсетувајќи дека таа имаше успешни настапи за Розенгард, а претходно настапуваше и во Бундес-лигата, каде стигна и до титулата со тимот на Турбине Потсдам.

Пресреќна сум што потпишувам договор со Баселона. Знам каде доаѓам, знам се за овој клуб, за одличниот тим што го има, ова е чекор напред за мене во кариерата“ – изјави Андонова при потписот на договорот со Барса.

Се вчитува...