Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова со Барселона ќе биде дел од финалето на Лигата на шампионките. Барселона успеа и по вторпат да слави минимално со 1-0 против Баерн Минхен и во големото финале ќе го очекува победникот од дуелот меѓу женските тимови на Лион и на Челси.
Андонова не беше во составот на денешниот меч, а стрелец на победничкиот гол беше Мариона Калдентеј од пенал во 45.минута.
Во претходната рунда од ЛШ, Барселона исто така со две победи го елиминираше норвешкиот клуб Квинер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА