Натпревар на колото: Гостивар го пречекува актуелниот шампион МЗТ Скопје

Натпреварот на 19. коло од Првата кошаркарска лига ќе биде одигран денеска во „Младост“ каде Гостивар ќе го пречека МЗТ Скопје од 18 часот во обид на крилја на домашната публика за прв пат оваа сезона да го добие актуелниот шампион.

На овој меч домаќините влегуваат со цел рехабилитација по поразот од ТФТ во претходното коло, додека МЗТ Скопје кој лесно славеше над Ангели ќе се обиде да ја продолжи победничката серија која брои шест триумфи едно по друго пред последниот балон на АБА2 лигата.

Големо значење за денешната средба ќе биде реализацијата за три поени која е висока и кај двата тима, а ќе треба да остане така и за нови два бода. Гостивар дуелот со „црно-белите“ на „Кале“ го започна со 12 тројки во првото полувреме за двоцифрена предност по 20. минути, но не успеа да ја задржи истата и во второто, а тоа го искористија домаќините за целосен камбек.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ЕКИПА (@ekipa.mk)

МЗТ Скопје пак и покрај тоа што има високи играчи кои физички можат да одговорат на центрите на домаќинот под обрачот ќе треба да ја искористи нивната „спорост“ со ширење на рекетот за „полесни“ поени, но интересно ќе биде да го видиме и одговорот за Ијасу Ворку кој на Куп средбата беше енигма за скопјани.

Се вчитува...