Натпревар на колото во „Младост“ – може ли Гостивар да го одбрани домашниот терен од лидерот Пелистер?

Дваесетипрвото коло од Првата кошаркарска лига започнува денеска со натпреварот на колото во кој од 18 часот лидерот на табелата Пелистер гостува во „Младост“ кај секогаш незгодниот Гостивар.

Натпреварот е од големо значење за двата тима. Гостивар по поразот од Академија ФМП ја изгуби битката за третата позиција на табелата па со скор од 12 победи и 8 порази влезе во „гужвата“ на средината на табелата, па и покрај тоа што избраниците на Јончевски го осигураа местото во Суперлигата, за битката за плеј-оф, секој натпревар е од големо значење.

Пелистер пак со поразите од Феникс 2010 и Работнички ја изгуби „комотната“ предност пред МЗТ Скопје на врвот на табелата и не смее да си допушти опуштање до крајот на регуларниот дел до натпреварувањето доколку сака предност од домашен терен во разигрувањето за титула.

Двата тима се добро пополнети на сите позиции на теренот, но во фокусот на денешниот дуел ќе биде борбата на бековската позиција. На мечот во Кисела Вода беше запрен Ијасу Ворку, а со тоа и течниот напад и лесни поени на гостиварци, а отсуството на Бобан Стајиќ беше видливо на мечот на битолчани во Скопје против Работнички.

Значајна ќе биде и борбата под обрачите и контролата на скок-играта за намалување на поените од транзиција па јасно е дека не очекува интересен натпревар, а во него нека победи подобриот.

Се вчитува...