Националите заминаа по успех во Бугарија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Националниот тим на Македонија, попладнево „летна“ за Бугарија каде што во четврток во Разград го игра првиот натпревар од новото издание на Лигата на Нации. Македонија од Скопје ќе лета за Варна, а потоа со автобус до Разград.

Репрезентативците посакуваат успешен старт на Лигата на Нации, во кое најавуваат атак на првото место во групата. Покрај Бугарија, во групата Ц4 се уште и Грузија и Гибралтар.

Утре репрезентацијата ќе го има последниот тренинг во Разград, како и официјалната прес-конференција.

Се вчитува...