НАЦИОНАЛНА ПЛИВАЧКА ФЕДЕРАЦИЈА: Одделот задолжен за Интегритет во светското пливање го суспендираше Александар Маленко

Продолжува војната на релација Александар Маленко-Национална пливачка федерација.

Откако Александар Маленко отворено ги нападна раководните лица во Националната пливачка федерација, овој пат следи одговор од нив.

Тие добиле писмо од Интегритетот во светското пливање, кој потврдува дека Александар Маленко е суспендиран.

„Од страна на оделот задолжен за Интегритет во светското пливање, добивме потврда за суспензија на Александар Маленко која е произлезена од неговите лажни искази за наши врвни пливачи и Олимпијци,нарушување на угледот на Федерацијата како во домашни така и во Светски рамки и дополнително задолжување“, со почит Национална пливачка федерација.

Се вчитува...