Наумче Мојсоски ќе директорува во Агенцијата за млади и спорт

Поранешниот македонски ракометар Наумче Мојсоски ќе биде новиот директор на Агенцијата за млади и спорт. Тој доаѓа на местото на Дарко Каевски кој стана пратеник во македонското Собрание.

Мојсоски по завршувањето на кариерата стана прв човек на ракометниот клуб Струга и е активен член на владеачката партија СДСМ како претседател на Комисијата за спорт.

Наумче Мојсоски за македонската репрезентација има одиграно преку 100 натпревари. Тој прекина активно да игра ракомет во 2016 година како член на ЧСМ Букурешт. Неговите најдобри денови беа во Металург, а играше и за Вардар, Пелистер, Југ, Струга, Лехвија и за Ла Риоха.

Се вчитува...