Наумче Мојсовски е позитивен на Covid-19

Директорот на Агенција за Млади и Спорт, Наумче Мојсовски, објави дека е позитивен на коронавирус. Мојсовски го потврди на официјалниот профил на фејсбук, воедно и испрати апел за заштита на здравјето во пресрет на новогодишните празници.

„Драги пријатели, 

Поради контактите кои ги имав изминатиот период поврзани со моите работни обврски, одлучив да се тестирам и добив позитивен тест на Ковид – 19. Ви моментов немам симптоми, се чувствувам добро и ги  следам препораките на мојот доктор.

Чувајте се и почитувајте ги мерките. Пред нас се денови кои досега сме ги празнувале со пријателите, поширокото семејство, надвор од дома. Мојот апел до вас пријатели е да направите се` да го заштитите вашето здравје и здравјето на вашите најблиски. Да празнуваме одговорно“, порача Наумче Мојсовски.

Се вчитува...