Навивач на Виган поминал 8.000 километри и стигнал на одложен натпревар!

Навивач на Виган од САД наместо на натпревар на својот омилен тим, заврши на станциите на британските спортски медиуми. Вил Џонс поминал 8 илјади километри за да го гледа во живо натпреварот на Виган. Но, временските неприлики во Европа, му го нарушија сонот и плановите. Поради снегот и ниските температури откажани се многу фудбалски натпревари, а меѓу нив и гостувањето на Виган кај Бристол на кое тргнал Вил Џонс дури од Аризона, САД.

Тоа било големо разочарување за навивачот што поминал долг пат за да го гледа својот омилен тим.

„Бев многу разочаран, иако уште од минатата недела знаев дека постои шанса натпреварот да биде одложен, така што помалку бев и подготвен за вакво сценарио“ – изјави Џонс за британските медиуми.

Сепак, приказната за патешествието на нивниот навивач преку медиумите стигнала и до раководството на Виган и Американецот доби неочекуван подарок. Покана да биде гостин на клубот на натпреварот против Блекбурн што ќе се одигра овој викенд и дрес од неговиот омилен фудбалер, Макс Пауер.

Се вчитува...