Навивачите на Барса со свирежи за Данецот кој одбива да го напушти клубот

Навивачите на Барселона упатија свирежи кон напаѓачот Мартин Брајтвајт, за време на вчерашното претставување на тимот за следната сезона. При најавата на мечот, Данецот доби жестоки критики од трибините поради тоа што одбива да го напушти клубот.

Иако Барселона сака да се ослободи од него, сепак, Брајтвајт нема намера да си оди, се додека клубот не му го исплати и последниот цент.

Брајтвајт има бизнис во САД, а според Форбс неговата компанија тежи 250 милиони евра, но и покрај тоа, нема намера да си оди од Барселона со која има договор на уште две години.

Барса сака да се ослободи од вишокот на играчи за да може да ги регистрира новите имиња, но засега Данецот нема разбирање за таа ситуација.

Се вчитува...