Навивачите на Борусија Д. и Баерн повикаа на „бојкот на Мундијалот во Катар“: Срам за цел свет е што се случува таму!

Навивачите на Борусија Дортмунд и Баерн Минхен на натпреварите на своите тимови од денешното 13. коло во Бундеслигата се појавија со транспаренти преку кои повикаа на „бојкот на Мундијалот во Катар“ кој започнува за две недели.

Јасно е дека единствено парите пресудија ФИФА да донесе одлука Катар да биде домаќин на Мундијалот, а со првенството веќе се поврзуваа многу контроверзии кои испливаа на површина пред почетокот иако организаторите се обидуваат да ги заташкаат.

Многумина повикуваат на бојкот поради кршењето на човековите права за многу работници кои работеа на изградбата на стадионите во земјата. Голема број од нив ги загубија своите животи на градилиштата, но домаќините сето тоа го заташкаа. Токму поради тоа е револтот и на голем број фудбалски фанови ширум светот.

Борусија Дортмунд денеска игра против Бохум на домашен терен, а пред почетокот на дуелот навивачите покажаа огромна парола на која пишуваше: „Бојкот на Катар 2022“, заедно со уште неколку пароли на кои потенцираат дека се против Мундијал во оваа земја.

Сосема случни пароли истакнаа и навивачите на Баерн Минхен, кој гостува против Херта во Берлин.

„15.000 мртви за 5.760 минути фудбал. Нека ви е срам на сите!“ – пишува на една од паролите на навивачите на Баерн.

Се вчитува...