Навивачите на Борусија Дортмунд „бесни“: Го преспавме преодниот рок, и сега нѝ се одбива од глава

Поразот од Баер Леверкузен, веројатно ќе го отпише тимот на Борусија Дортмунд и дефинитивно од трката за титулата во Бундес-лигата. Сега разликата е на девет бодови, на 13 кола до крајот од првенството, но она што ги налути навивачите „милионерите“ е тоа што Борусија не донесе ниту едно засилување во зимскиот преоден рок.

Тие одамна бараат раководството да ја реши ситуацијата со Халанд, а потоа и да ангажира квалитетен стопер и да го продолжат договорот со Аканџи. Ниту едно од овие прашања не е решено. Аканџи деновиве треба да потпише нов договор, додека Хумелс е далеку од формата пред 7-8 години. Со оглед дека нема многу играчи на десната страна, па Розе мора да прави експерименти и крила да враќа како десен бек.

„Па како да поминеме, кога го преспавме преодниот рок. Не купивме ниту еден играч, а реално имаме големи проблеми во одбраната. Одамна бараме стопер, но оваа управа како да си игра со нашите нерви“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.

 

Се вчитува...