Навивачите на Фенер лути на Алиоски: Зошто не одиш по топката? (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави видео од вчерашниот дуел меѓу Умранијеспор и Фенербахче. Во последните 30 минути шанса доби и Езџјан Алиоски, и покрај тоа што е на излезна врата од тимот од Истанбул.

Алиоски во финишот на средбата имаше лоша реакција, која донесе гол Умранијеспор за израмнување. Навивачите со коментари го критикуваа нашиот интернационалец: „Зошто не одиш по топката“?

За среќа голот подоцна беше поништен по прегледување на ВАР снимката, по што Фенербахче стигна до триумфот од 1-2.

Се вчитува...