Навивачите на Рајо Валјекано каде настапува нашиот Столе Димитриевски овие денови се во акција на дезинфекција на стадионот. Акцијата е спроведена поради нивното незадоволство поради доаѓањето на двајца политичари на нивниот натпревар со Албасете.
Се работи за двајца политичари од десничарската „Вокс“ која е трета по сила на територијата на Шпанија. Тоа воопшто не им се допадна на фановите на шпанскиот второлигаш кои по завршувањето на мечот тргнаа во акција. Во скафандери „наоружани“ со четки и корпи тие го переа стадионот, покажувајќи им на политичарите дека не им е место во спортот.
Fans of Rayo Vallecano cleaned their stadium after two leaders of the far right-wing political party VOX watched their match against Albacete. ? pic.twitter.com/36GbktGtaq
— Sky Sports News (@SkySportsNews) April 28, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА