Навивачите на Реал Мадрид најдоа начин да ја прослават титулата во Ла лига (ВИДЕО)

Реал Мадрид синоќа стана нов шампион на Шпанија. Тимот од Мадрид го подигна победничкиот пехар откако во претпоследното коло на домашен терен славеше над Вилјареал со 2-1. По натпреварот и покрај пандемијата од коронавирусот почна лудилото по улиците на главниот град на Шпанија.

Автомобили со развиорени шпански и знамиња на Реал кружеа низ градот, а навивачите од автомобилите скандираа „Да живее Шпанија, да живее Реал Мадрид“.

 

Се вчитува...