Навивачите на Валенсија поднесоа тужба против Анчелоти

Навивачите на Валенсија до обвинителството поднесоа тужба против тренерот на Реал, Карло Анчелоти. За време на мечот од 35. коло, Винисиус беше навредувам од страна на навивачите на Валенсија, а играта беше во прекин 8. минути. Валенсија доби казна од 45.000 евра, и затворање на една од трибините на пет меча, а потоа казната беше намалена на 27.000 евра и три натпревари.

По натпреварот Анчелоти кажа дека целиот стадион го навредувал Винисиус и го нарекувале „мајмун“. Подоцна тренерот кажа дека само одредена група го сторила тоа.

Меѓутоа здружението на мали акционери на Валенсија, поднесе тужба до Анчелоти.

„Против Анчелоти е поднесена тужба до обвинителството поради лажните обвиненија за расизам. Целиот стадион со 46.002 гледачи го нарече расистички. Тој упати лажни обвинувања, можеби ненамерно, но го наружи имизот на Валенсија и на навиачите“, стои во соопштението.

Се вчитува...