Навивачите се враќаат на стадионите во Премиер-лигата

Фудбалските фанови ширум Англија ќе можат да се вратат на стадионите откако државните власти решиле да дадат зелено светло за присуство на публика на спортските настани на отворено.

Британскиот премиер Борис Џонсон вечерва треба и официјално да ја потврди веста, откако од неговиот кабинет беше обелоденето дека по завршувањето на „локдаунот“ на 2 декември навивачите конечно ќе можат во живо да ги следат настапите на своите омилени клубови.

Во прв момент, на стадионите ќе бидат дозволени по 4.000 фанови, а доколку ситуацијата со коронавирусот во меѓувреме се движи во позитивна насока може да се очекува ова бројка да порасне на почетокот од 2021 година.

Се вчитува...