Навивачите во Баварија се враќаат на трибините

Навивачите во Баварија се враќаат на трибините на стадионите и спортските арени, но само за натпреварите кои се дел од професионалните лиги. По периодот од неколку месеци во кои не беше дозволено присуство на навивачите, тие ќе добијат дозвола за враќање во спортските комплекси.

Властите во Баварија донесоа одлука со која повторно ќе биде дозволено присуство на гледачите, но и понатаму со ограничувања. Клубовите ќе може да продаваат 25 отсто од капацитетот на арените.

Сепак, ограничувањето е поставено на максимум 10 илјади луѓе.

 

Се вчитува...