Навивачите во Италија на трибините ќе се вратат во септември

Министерот за здравство на Италија Винченцо Спадафора вели дека е можно фановите на трибините во Серија А да се вратат во септември. Натпреварите во сите лиги во Италија по продолжувањето на сезоната се играат на празни трибини, а првиот човект на италијанското здравство вели дека тоа може да се промени од септември.

„Ако епидемиолошката крива тоа го дозволува би требало да можеме да ги вратиме навивачите на трибините во септември. Очигледно нема да може стадионите да бидат полни, но согласно препораките и мерките би можело да биде дозволен одреден број на лица“, изјави Спадафора. 

„Олимпико“ веќе инсталираше систем за проверка на температура, маски за лица и антибактериски средства како би можело лицата присутни на мечевите да бидат максимално заштитени.  Се очекува до септември системот да биде инсталиран на сите стадиони во земјата.

Се вчитува...